• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трамп: Иран мора да се откаже од нуклеарното оружје или да се соочи со воен одговор

Трамп: Иран мора да се откаже од нуклеарното оружје или да се соочи со воен одговор

Вашингтон, 14 април 2025 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран мора да се откаже од секакво тежнеење по нуклеарно оружје или да се соочи со можен американски воен напад врз неговите нуклеарни постројки.

Трамп на новинарите во Белата куќа им рече дека мисли дека Иран намерно го одложува нуклеарниот договор, а неговата изјава доаѓа откако американскиот специјален пратеник Стив Виткоф се сретна со иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во саботата во Оман.

И САД и Иран по разговорите во Оман соопштија дека разговорите биле „позитивни“ и „конструктивни“.

- Иран мора да се ослободи од концептот на нуклеарно оружје. Тие не можат да имаат нуклеарно оружје, рече Трамп.

Во однос на војната во Украина, Трамп изјави дека во војната во Украина „милиони луѓе се мртви поради три лица“ – рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, за кого рече дека „немал поим“ што прави и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

По средбата со лидерот на Ел Салвадор, Наџиб Букеле, Трамп на новинарите во Овалната соба им рече дека сè што сака е да „запрат убиствата“ во Украина, јави Скај њуз.

- Бајден тоа можеше да го запре, Зеленски можеше да го запре, а Путин никогаш не требаше да го почне. И сè што можам да направам е да се обидам да го запрам тоа, тоа е сè што сакам. Сакам да го запрам убивањето. И мислам дека добро работиме во тој поглед. Мислам дека многу брзо ќе имате многу добри предлози, рече Трамп.

Тој го обвини Зеленски дека не е „компетентен“. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан