• четврток, 26 декември 2024

Трамп има убедливо водство пред Бајден во новите анкети на „Њујорк Тајмс“ и „Волстрит Џурнал“

Трамп има убедливо водство пред Бајден во новите анкети на „Њујорк Тајмс“ и „Волстрит Џурнал“

Вашингтон, 4 јули 2024 (МИА) – Републиканскиот кандидат Доналд Трамп има значителна предност пред претседателот Џо Бајден во трката за Белата куќа откако двајцата кандидати дебатираа минатата недела, покажаа одделни анкети објавени вчера од Њујорк Тајмс и Волстрит џурнал.

Бајден вети дека ќе остане во претседателската трка во 2024 година за време на вчерашните разговори со изборниот персонал и се обиде да ги увери највисоките демократи на Капитол Хил дека е способен за реизбор, и покрај неговиот несигурен настап во ТВ дебатата минатата недела.

Анкетата на Њујорк тајмс и колеџот Сиена покажа дека републиканецот Трамп има предност од шест процентни поени – 49 отсто наспроти 43 отсто – пред демократот Бајден, меѓу регистрираните гласачи за кои Тајмс смета дека најверојатно ќе гласаат на изборите на 5 ноември.

Ова е најголемо водство на Трамп во анкета на Тајмс/Сиена од 2015 година, кога водеше кампања пред неговата победа на претседателските избори во 2016 година Меѓу сите регистрирани гласачи во анкетата, Трамп водеше со 9 поени.

Анкетата на Волстрит џурнал покажа дека Трамп има предност од 6 поени пред Бајден, во споредба со предноста од 2 поени во анкетата на Џурнал спроведена во февруари. Во двете анкети, кои беа спроведени низ целата земја, испитаниците забележаа дека возраста на Бајден (81) е тежок товар на неговата кандидатура.

Околу 80 отсто од испитаниците во анкетата на Џурнал, во која беа анкетирани 1.500 регистрирани гласачи од 29 јуни до 2 јули, рекле дека Бајден е премногу стар за да се кандидира за втор мандат. Таа анкета имаше маргина на грешка од 2,5 процентни поени. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан