• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трамп имал еден час многу добар разговор со  Зеленски

Трамп имал еден час многу добар разговор со  Зеленски

Вашингтон, 19 март 2025 (МИА) - Телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски предмалку заврши, објкави американскиот претседател на неговата социјална мрежа Вистина, пренесе Би-Би-Си.

Во објавата на „Вистина“, Трамп го опиша повикот како „многу добар“ и дека траел околу еден час.

„Голем дел од дискусијата се темелеше на вчерашниот  телефонски разговор со претседателот Путин со цел да се усогласат и Русија и Украина во однос на нивните барања и потреби“, напиша тој.

„Ние сме многу на добар пат“, додаде Трамп.

Трамп рече дека побарал од државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц „да дадат точен опис на точките за кои се разговарало“.

Дополнителна изјава ќе биде објавена „наскоро“, додаде тој.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан