• среда, 18 март 2026

Трамп изјави дека САД уништиле 10 ирански бродови за поставување мини

Трамп изјави дека САД уништиле 10 ирански бродови за поставување мини

Вашингтон, 10 март 2026 (МИА) – Американските сили погодија 10 ирански бродови кои се обидуваа да постават поморски мини, информира претседателот на САД Доналд Трамп на социјалните мрежи.

„Со задоволство известувам дека во последните неколку часа погодивме и целосно уништивме 10 неактивни бродови и/или бродови за поставување мини, а ќе следат уште“, напиша тој на Трут Соушл.

Трамп, исто така, ја смени својата претходна објава за иранските напори за поставување мини во Ормускиот теснец, додавајќи два реда во кои ветува дека ќе ги уништи бродовите „насилно“.

„Дополнително, ја користиме истата технологија и ракетни можности распоредени против трговците со дрога за трајно елиминирање на секој чамец или брод што се обидува да го минира Ормускиот теснец“, пишува тој. „Со нив ќе се справиме брзо и насилно. Внимавајте!“ јт/

Остани поврзан