Трамп за Сирија: Ова не е наша битка, немојте да се мешате
- Доналд Трамп, новоизбраниот претседател на САД, се огласи на социјалните мрежи со став дека САД не треба да се вклучува во конфликтот во Сирија, каде бунтовничките сили се закануваат на администрацијата на претседателот Башар ал-Асад.
Вашингтон, 7 декември 2024 (МИА) - Доналд Трамп, новоизбраниот претседател на САД, се огласи на социјалните мрежи со став дека САД не треба да се вклучува во конфликтот во Сирија, каде бунтовничките сили се закануваат на администрацијата на претседателот Башар ал-Асад.
„Сирија е во хаос, но тоа не е наша битка, и САД НЕ ТРЕБА ДА ИМААТ НИШТО СО ТОА. ОВА НЕ Е НАША БОРБА. НЕКА СЕ ОДВИВА. НЕМА ДА СЕ МЕШАМЕ!“, напиша Трамп во својата изјава.
Тој посочи дека Русија, која е ангажирана со војната што ја води во Украина, каде изгуби над 600.000 војници, се чини неспособна да го запре овој марш низ Сирија, земја која ја штитеа со години. ссм/
фото: архива