• сабота, 23 ноември 2024

Трамп е здрав, тврди неговиот лекар

Трамп е здрав, тврди неговиот лекар
Вашингтон, 1 септември 2020 (МИА) - Шон Конли, личниот лекар на американскиот претседател потврди дека Трамп немал мозочен удар или некој друг сериозен здравствен проблем, како што објавија медиумите. -Можам да потврдам дека претседателот Трамп немал цереброваскуларен аксидент (мозочен удар), минлив исхемичен напад (мини мозочен удар) или каков било друг итен акутен кардиоваскуларен проблем, како што беше погрешно пренесено во медиумите, вели Конли во изјавата. Лекарот потврди дека претседателот е здрав и дека не е загрижен за неговата способност да го реализира ригорозниот распоред што е пред него, пренесуваат британските медиуми. сд/

Остани поврзан