• четврток, 26 декември 2024

Трамп денеска ја поднесува одбраната пред почетокот на постапката за импичмент во Сенатот

Трамп денеска ја поднесува одбраната пред почетокот на постапката за импичмент во Сенатот
Вашингтон, 20 јануари 2020 (МИА) - Откако одби да соработува во истрагата за отповикување што ја предводеше Демократската партија во Претставничкиот дом, американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ја изнесе својата прва сеопфатна одбрана, пред почетокот на постапката за негов импичмент во Сенатот. Трамп, кој е четврти од 45 американски претседатели кој се соочува со можноста да биде отповикан, мора да го исполни крајниот рок до пладне по локално време за да ја поднесе својата одбрана во писмена форма. Тој е обвинет за злоупотреба на својата надлежност со барањето од Украина да го испита неговиот демократски политички ривал Џо Бајден и за опструкција на истрагата на Конгресот за неговото однесување. - Ова е безобразен и незаконски обид за промена на резултатите од изборите во 2016 година и мешање во изборите што ќе се одржат во 2020 година за само неколку месеци, велат адвокатите на Трамп во одговорот на обвинението објавен во саботата. Високи претставници на администрацијата соопштија дека документот што ќе го поднесат денеска ќе има подетална и поагресивна одбрана во која ќе се каже дека Трамп е невин и не треба да се отповика, како што бараат демократите. јт/

Остани поврзан