• среда, 28 август 2024

Трамп: Деменцијата на Бајден е неприфатлива за САД

Трамп: Деменцијата на Бајден е неприфатлива за САД
Вашингтон, 13 октомври 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска порача дека „деменцијата на Бајден е неприфатлива за САД“, повикувајќи се на низа „лапсуси“ што неговиот противник неодамна ги искажа. "Бајден не можеше да се сети на името на Мит Ромни (републикански сенатор). Мит мора да е возбуден поради тоа. Џо исто така рече дека се кандидира за Сенатот и целосно заборави во која држава се наоѓа", напиша Трамп на Твитер. „Џо никогаш не беше еден од добрите момци, па затоа е повеќе од очигледно дека оваа негова деменција станува сè полоша и полоша. Тоа е неприфатливо за САД“, додаде Трамп. паг/  

Остани поврзан