• среда, 25 декември 2024

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Вашингтон, 11 мај 2024 (МИА) - Доналд Трамп денеска изјави дека не ја разгледува можноста поранешната републиканска претседателска кандидатка Ники Хејли да биде номинирана за потпретседател на изборите во ноември, демантирајќи ја информацијата на информативниот сајт Аксиос, пренесоа британските медиуми. 

Ники Хејли не се смета за можен кандидат за потпретседател, но ѝ посакувам добро!, рече Трамп.

Хејли, поранешен гувернер на Јужна Каролина и поранешен американски амбасадор во Обединетите нации, во март ја заврши својата трка против Трамп во трката за републиканска претседателска номинација.

Хејли прифати дека Трамп, кој постојано ја минимизираше нејзината кандидатура, ќе биде републикански кандидат, но не го поддржа.

Веќе постои долга листа на потенцијални кандидати за потпретседателската позиција која ги вклучува гувернерот на Северна Дакота Даг Бургум, гувернерот на Јужна Дакота Кристи Ноем, сенаторот Марко Рубио, Тим Скот и Џ.К. Д. Венс и членот на Претставничкиот дом Елизе Стефаник. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан