• среда, 27 ноември 2024

Трамп демантира дека планирал државен удар доколку победи Бајден

Трамп демантира дека планирал државен удар доколку победи Бајден
Вашингтон, 15 јули 2021 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги отфрли последните тврдења дека планирал државен удар во САД доколку Џо Бајден победи на претседателските избори во 2020 година. - И покрај масовните измами и нерегуларности за време на претседателските избори во 2020 година, никогаш никому не сум се заканил, ниту сум разговарал со некого за државен удар, напиша поранешниот претседател на Телеграм. Трамп го исмеа претседателот на Советот на генералштабовите на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили, кој наводно ги изнел таквите обвинувања. Според него, Мили би бил последната личност со која ќе изврши државен удар доколку некогаш сака на таков начин да дојде на власт, додавајќи дека никогаш немал такви намери. Си Ен Ен претходно објави извадоци од сè уште необјавената книга на репортерите на „Вашингтон Пост“, Керол Леониг и Филип Ракер, „Можам сам да се изборам“, во која се тврди дека Мили и други високи воени функционери подготвиле неформални планови за да се спротивстават на обидите на Трамп и неговиот сојузници да извршат државен удар. Доналд Трамп тврдеше дека претседателските избори во 2020 година се украдени и дека го победил Џо Бајден. гт/

Остани поврзан