• недела, 28 јули 2024

Трамп: Голема чест ми е што имам поддршка од Де Сантис

Трамп: Голема чест ми е што имам поддршка од Де Сантис

Вашингтон, 22 јануари 2024 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го изрази своето задоволство што ја добил поддршката од гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис во трката за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во земјата во ноември.

-Голема чест ми е што ја имам неговата поддршка. Со нетрпение очекувам да работам со него за да го победиме Џо Бајден, кој е најлошиот и најкорумпираниот претседател во историјата на нашата земја, изјави Трамп.

Де Сантис вчера попладне на социјалната мрежа „Х“ објави дека се повлекува од трката и стои зад Трамп. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан