• сабота, 23 ноември 2024

Трамп в четврток планира да се предаде на властите во Џорџија

Трамп в четврток планира да се предаде на властите во Џорџија

Вашингтон, 22 август 2023 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ потврди дека планира в четврток да се појави во затворот во округот Фултон за да им се предаде на властите во случај на манипулација со изборните резултати во државата Џорџија.

-В четврток ќе одам во Атланта, Џорџија за да бидам уапсен, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

Тој ги опиша обвиненијата како политички мотивиран обид да ја попречи својата кампања за реизбор.

Претходно Си-Ен-Ен јави дека Трамп планира да се пријави во затворот во округот Фултон в четврток. Датумот беше договорен меѓу адвокатите на Трамп и канцеларијата на окружниот обвинител денеска, откако беше договорено неговото условно ослободување, јави Си-Ен-Ен.

Тоа е првиот од вкупно четирите случаи против Трамп во кои тој ќе мора да објави условна обврзница од 200 илјади долари и од него да се бара да не се заканува на социјалните мрежи за да избегне кршење на условите за кауција. Обвинителите во случајот предложија тој да започне на 4 март следната година, додека адвокатите на Трамп побараа одложување до 2026 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан