• недела, 17 ноември 2024

Трамп ангажираше нови адвокати за процесот на отповикување во Сенатот

Трамп ангажираше нови адвокати за процесот на отповикување во Сенатот
Вашингтон, 1 февруари 2021 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ангажираше двајца нови адвокати за своја одбрана, неколку дена пред процесот на отповикување во Сенатот. Трамп најави дека одбраната ќе ја водат Дејвид Шон и Брус Л. Кастор јуниор. Во изјавата на Доналд Трамп се вели дека поранешниот претседател и адвокатите се согласуваат дека отповикувањето е неуставно. Одлуката за ангажирање нови бранители беше објавена откако петмина адвокати се повлекоа од одбраната поради несогласувања за тоа како да се постапи понатаму. Како што пренесуваат странските агенции, Трамп сакаше адвокатите да продолжат да ја бранат тезата за масовна проневера на претседателските избори, на кои победи демократот Џо Бајден, наместо да се концентрираат на законитоста на постапката за отповикување на претседател кој не е на оваа функција. Судењето на Трамп за „поттикнување мотивација“ по упадот на приврзаниците на поранешниот претседател во Конгресот на 6 јануари, треба да започне на 9 февруари. паг/  

Остани поврзан