• четврток, 26 декември 2024

„Трамвајот наречен желба“ вечер на „Скупифестивал“

„Трамвајот наречен желба“ вечер на „Скупифестивал“

Скопје, 9 октомври 2023 ( МИА) - Во рамки на програмата на МТФ „Скупифестивал“ вечер во Албанскиот театар ќе биде прикажана преставата „Трамвајот наречен желба” од авторот Тенеси Вилијамс од Сараевскиот воен театар, во колективна режија и улоги на Дина Мушановиќ, Аљбан Укај, Игор Скварица, Матеа Маврак, Ноа Југо.

-„Трамвајот наречен желба“ е претстава за нас. Секогаш се наоѓаме во состојба на некоја пресвртна точка од нашите животи, а истите тие пресвртници секогаш не’ прегазуваат. Сите ние сме како Бланш Дибоа,  веруваме во доброто, но и се плашиме од него; веруваме во вистината, но за да се заштитиме, ретко ја кажуваме; вистината нè гризе, тие рани смрдат како раните на Филоктет, но ние упорно и тврдоглаво продолжуваме да веруваме дека во моментот кога ќе се расчистат сите сметки, вистината, добрината и нежноста ќе не’ спасат. Како што никој не навива за Бланш, така никој не навива ни за нас, велат организаторите на фестивалот.

Вчера на „Скупифест“ бил прикажан и перфомансот „Бура и продор” кој е производ од работилницата предводена од режисерката Теа Беговска. Оваа  работилница, како што наведуваат, е да искреира театарски перформанс на младите актери: Илин Јовановски, Миа Кантарџиева Петровска, Дин Ибрахим, Бојан Лазаров, Тодор Стојковски, Дениз Рустеми. љм/са/

Фото: Скупифестивал

Остани поврзан