• недела, 17 ноември 2024

Траектот што се преврте на Филипините бил преоптоварен, во несреќата загинаа 27 лица

Траектот што се преврте на Филипините бил преоптоварен, во несреќата загинаа 27 лица

Манила, 28 јули 2023 (МИА) - Капетанот на филипинскиот ферибот кој се преврте во езеро при што загинаа 27 патници, испловил и покрај тоа што знаел дека бродот е преоптоварен, соопшти денеска крајбрежната стража.

Четириесет и тројца патници беа спасени откако траектот се преврте во четвртокот, набргу по напуштањето на градот Бинангонан, југоисточно од Манила, на пат кон блискиот остров Талим, соопштија официјални лица.

Крајбрежната стража, полицијата и другите агенции денеска продолжија да го пребаруваат езерото, но соопштија дека немаат информации за бројот на исчезнати лица поради неизвесноста за бројот на патници на траектот. Не беа пронајдени повеќе преживеани или тела.

За време на испрашувањето од властите, капетанот признал дека траектот го надминал својот патнички капацитет кога го напуштил пристаништето.

Несреќите во вода се вообичаени на Филипините поради честите бури, лошо одржувани чамци, пренатрупаности лошо спроведување на безбедносните прописи. паг/

Фото: МИА архива
 

 

Остани поврзан