• вторник, 12 ноември 2024

Традиционално искачување на Демиркаписка клисура

Традиционално искачување на Демиркаписка клисура
Демир Капија, 1 јануари 2022 (МИА) - Традиционално и овој први јануари, група љубители на алпинизмот и искачување на карпи, денеска по деветти пат се качуваат на Демиркаписка клисура.
- Традиционалното новогодишно дружење во демиркапиското камено царство е во организација на друштвото „Карпи за секој" од Демир Капија. Тука сме десетина луѓе кои го посветија овој прв ден од 2022 година, на природата и спортското качување. Посебно ни претставува задоволство што меѓу нас е и меѓународно познатата алпинистка Илина Арсова, којашто е единствена жена од Македонија што го има искачено највисокиот планински врв во светот, Еверест. Тука е и Киро Ѓорѓиев, екс председателот на спортскиот клуб „Клисура" од Демир Капија. Времето денес е вистинска пролет и сите сме  многу задоволни, нагласува за МИА, Александар Кленов, меѓународно познат руски алпинист и претседател на „Карпи за секој".
Кленов истакна дека веќе неколку години одбрал да живее крај Демиркаписка клисура и крај три реки во Демир Капија.
- Воодушевен сум од природното богатство на демиркаписката околина и за цело ова време настојувам тоа да се промовира, со цел да биде видено од што поголем број на туристи и авантуристи, дециден е Кленов, кој најавува и многу други интересни содржини крај железната порта.
Тој најави дека кон крајот на месецов ќе биде зимското искачување на Демиркаписка клисура. свд/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан