• вторник, 20 јануари 2026

Традиционална манифестација „Пивтијада“ во скопска Автокоманда

Традиционална манифестација „Пивтијада“ во скопска Автокоманда

Скопје, 19 јануари 2026 (МИА) - Традиционалната манифестација „Пивтијада“ денеска ќе се одржува на плоштадот во населбата Автокоманда во општина Гази Баба.  

- Со хуманитарен,  натпреварувачки и забавен карактер „Пивтијадата“ повторно ги обединува граѓаните во духот на солидарноста и традицијата. Ќе се продаваат пивтии, а сите собрани средства ќе бидат донирани на Клиниката за детски болести. Повик до сите граѓани – дојдете да бидеме хумани, да се дружиме и да уживаме со убава музика!, објави на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски. 

Во натпреварувачкиот дел ќе се избираат најубаво украсените пивтии, а по оценувањето од стручна комисија најдобрите три ќе бидат наградени.

Во забавниот дел ќе настапат: Миле Кузмановски, Давид Темелков, Даниела Темелковска и Ансамблот „Јонче Христовски“. мд/лв/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Стефковски 

Остани поврзан