• среда, 25 декември 2024

Традиционална крводарителска акција на Црвениот крст за празникот Успение на Пресвета Богородица

Традиционална крводарителска акција на Црвениот крст за празникот Успение на Пресвета Богородица

Скопје, 27 август 2024 (МИА) - Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и републичкиот Институт за трансфузиона медицина, утре, традиционално, по 22-ви пат, ќе ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати.

-Оваа акција веќе 20 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Започнувајќи со 146 дарувања во 2003-та година, денеска, по 21 реализирана акција, се зборува за вкупна бројка од 4.509 единици крв, или во просек 214 крводарители по акција. Ги покануваме граѓаните да ја покажат и овој пат својата хуманост, поцикуваат организаторите.

Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот. вг/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан