• недела, 24 ноември 2024

Традиционална Бадникова литија во Велес

Традиционална Бадникова литија во Велес

Велес, 6 јануари 2024 (МИА) - На Бадник, свештеници од градот Велес денеска  отслужија Света Златоустова Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, на која присуствуваше и Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Агатангел ги даруваше дечињата кои беа собрани во црквата со бадникови пакетчиња, а беа поделени и Бадниковите гранчиња. По ова, беше формирана традиционалната Бадникова Литија, на која дечињата громогласно и радосно го најавија Христовото раѓање и пренесоа топла празнична порака, пеејќи ја Бадниковата песна „Вечниот Бог“ низ улиците на градот Велес.

Бадниковата поворка тргна од храмот „Св. Кирил и Методиј“ низ главната велешка улица „Благој Ѓорев“ свртија кај кружниот тек  „Авона“ потоа  покрај  Детската градинка „Димче Мирчев“ па се до Општина Велес. Таму  децата учесници во Бадниковата поворка  беа пречекани и дарувани со бадникови пакетчиња и од градоначалникот Марко Колев. ад/аа/

Фото: Повардарската епархија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан