• среда, 25 декември 2024

Традиционалната „Милениумска патека“ на Сува Гора ја поминаа 120 планинари

Традиционалната „Милениумска патека“ на Сува Гора ја поминаа 120 планинари

Тетово, 23 октомври 2023 (МИА) – По шести пат вчера беше организирана традиционалната „Милениумска патека“ - лесна планинарска тура со движење низ планината Сува Гора во Полошката котлина. Организаторот на турата, планинарскиот клуб Јелак од Тетово соопшти дека годинава патеката ја поминале 120 планинари од Тетово, Гостивар, Куманово, Скопје, Кичево и Штип.

- Оваа година новитет за ПК Јелак е што Државниот завод за индустриска сопственост одобри заштита на трговска марка и знакот на Милениумска патека. По тој повод и 25 години формирањето на ПК Јелак доделивме плакети на основачите. Воедно плакета добија групи Даријан Сотировски директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи кој има голема заслуга за формирањето на оваа Милениумска патека, изјави Борис Стојановски-Цули, претседател на ПК Јелак и главен водич на патеката. 

Планинарите на оваа невообичаена планинарска тура имаа голема можност покрај да пешачат и да се запознаат со големото македонско, историско и културно богатство на тетовските села и подрачјата на планинското подрачје.

Планинарите по собирот во центарот на Тетово, патуваа до Блаце од каде го започна пешачењето до крајната дестинација во селото Волковија со должина од вкупно девет километри. По пат групата застана кај седум црквни објекти и археолошки наоѓалишта и историски локации.

Движењето почна од селото кон првата црква Света Троица на надморска височина од 720 метри каде е и археолошкиот локалитет „Самовилска вода“ од старохристијанско време, кој опфаќа и извор кој според преданијата има лековито дејство. Следната дестинација црквата Света Петка е на рид на околу 880 метри надморска височина. Условно речено ова претставува најтешкиот предел за искачување по Сува Гора, поради потребата да се искачи висинска разлика од 250 метри. Од Света Петка патот води кон археолошки локалитет Граиште на истоимениот рид каде има и рамнина со археолошкото наоѓалиште, ранохристијанска црква од 4-ти век каде била сместена епископија.

Од Градиште започнува пешачење во надолнина и по рамна патека во внатрешноста на село Стенче и црквата Свети Илија, која е живописана од славниот Дичо Зограф и неговиот син. Патешествието продолжува до најновата четврта најнова селска црква Света Екатерина, инаку почната со градба во 2013 а осветена во 2022 година.

Познатото излетничко место Волковска Чука каде се наоѓа црквата Свети Георгиј Победоносец беше следниот предизвик за учесниците во акцијата. Планинарската патека заврши со посета и на Црквата Свети Мина е изградена во 1936 година.

Милениумска патека за првпат се одржа во 2018 година по повод јубилејот 1000 години Охридска Архиепископија. ас/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан