• понеделник, 29 јули 2024

Традиционалната априлијада во Дебар

Традиционалната априлијада во Дебар

Дебар, 1 април 2024 (МИА) - Повеќе од 300 дечиња од градинката „Брешија" во Дебар учествуваа на денешната традиционална априлијада. Тргнаа од градинката, продефилираа низ главната улица во градот се задржаа во центарот каде беа поздравени од голем број граѓани, возрасни но и деца од училишна возраст.

- Традиционално го одбележуваме 1 април- Денот на шегата, што се одржува  благодарение на заложбите на директорката Ајрие Дачи и секако родителите на дечињата. Гледате и сами колку многу се радосни, среќни. Маскирани во супермен,  Снежана, царици, лекари... Буба Мара, Црн пантер по нивен избор, вели воспитувачката Марија Василевска.

Детскиот првоаприлски маскенбал е еден од двата настана во градот, заедно со дефилето на матурантите, за кои граѓаните покажуваат најголем интерес.

На први април и вечерта на матурското дефиле, центарот на градот и главната улица се преполни со народ. вт/мч/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан