• четврток, 26 декември 2024

Традиционален Фестивал на чајот и читањето

Традиционален Фестивал на чајот и читањето
Скопје, 14 јануари 2021 (МИА) - На традиционалниот Фестивал на чајот и читањето што почнува утре и ќе трае до 15 февруари, ќе бидат изберени најдобрите читатели во земјава и тие ќе добијат комплет книги од македонски автори - изданија на „Феникс“. Читателите ќе бидат изберени по онлајн спроведената анкета во библиотеките во Скопје и Републиката. На фестивалот онлајн ќе биде промовирана книгата „Нова европска драма“, како и новите броеви на списанијата „Селект“ и „Книжевна академија“. Ќе бидат претставени и новите наслови од едицијата „Меридијани“, како и најновите едукативни и креативни изданија за деца и млади, најави организаторот на Фестивал - издавачката куќа „Феникс“ од Скопје.бт/лв/

Остани поврзан