• недела, 28 јули 2024

Традиционален панаѓур во Демир Капија

Традиционален панаѓур во Демир Капија

Демир Капија, 28 август 2023 (МИА) - Традиционален панаѓур се реализира денеска во Демир Капија, во чест на православниот христијански празник Успение на Пресвета Богородица - Голема Богородица. 


- Бројните трговци и излагачи на најразлични видови производи, детските реквизити што се поставени во центарот на градот, како и околните ресторани и винарии, со добрата музика, храна и вино, ќе го исполнат сечиј ден со задоволство и забава за сечиј вкус, информираа од демиркаписката локална самоуправа. 


Оттаму ги повикаа сите кои сакаат незаборавни доживувања, да ја посетат Демир Капија и да уживаат во демиркаписките  атрактивни убавини, природни богатства за љубителите на различен вид туризам. свд/

Остани поврзан