• среда, 18 декември 2024

„Тој почина како разочаран човек“: Како пропадна сонот на Горбачов за либерална европска Русија

„Тој почина како разочаран човек“: Како пропадна сонот на Горбачов за либерална европска Русија
4 септември 2022 Еуроњуз Смртта на Михаил Горбачов, осмиот и последен претседател на Советскиот Сојуз, поттикна толку дебати и поделби колку и неговите дејствија за време на неговиот живот. За најголем дел од Европа и Западот, 92-годишниот Горбачов ќе биде запомнет по неговото време на чело на социјалистичка суперсила која почќна да слабее и за нејзино насочување кон либералната реформска агенда. За Русите националисти, тој секогаш ќе биде виновник за пропаста и распаѓањето на нивната славна советска комунистичка империја. Избран за советски лидер во март 1985 година на 54-годишна возраст, дете на руски и украински селани се издигна од скромните почетоци за време на сталинистичкиот период до самиот врв на Комунистичката партија. Неговата политика на перестројка, што значи реструктурирање и гласност, што значи отвореност, доведе до затоплување меѓу двата главни блокови на Студената војна што беа на работ на војна од поразот на нацистичка Германија во 1945 година. Дебати околу неговото наследство особено се релевантни поради актуелната ситуација, кога Русија изврши инвазија врз својот сосед - соседна земја во чија независност Горбачов не се мешаше во 1991 година. Како Горбачов влијаеше на денешна Европа? Михаил Горбачов го избегна строго централираното наследство на Советскиот Сојуз, со цел да ја смени стагнацијата искусена за време на владеењето на Леонид Брежнев, и на крајот стана целосно претпазлив за комунизмот. Но, не беше до доцните 1980-те кога неговата желба за мир се издигна за време на големите домашни пресврти, особено во земјите членки на СССР. Избирајќи да дозволи железната завеса да падне слободно - што го отвори патот за независност и демократизација за европски поранешни социјалистички и комунистички општества - отиде во спротивен правец на очекувањата на Западот дека Советите ќе се држат за скалите на моќта дури и преку насилство, изјави професорот Владислав Зубок, кој предава меѓународна историја на Лондонската школа за економија. - Горбачов сакаше да ја отвори земјата и тој го гледаше Советскиот Сојуз како дел од Европа, дел од трансатлантската заедница, а не нешто спротивно на тоа. Тој најмногу допринесе до нова европска реалност со неправејќи ништо, само зборувајќи. Нешто за што тој зборуваше што се совпаѓаше со расположението тогаш, расположението на ненадејна возбуда, ослободување - нешто што беше многу нематеријално, но многу длабоко во тој момент - беше кога тој почна да зборува за заеднички европски дом, истакна Зубок. Идејата на Горбачов дека руско доминантниот Советски Сојуз припаѓа заедно со останатиот дел од Европа, дојде без очекувања оти Москва ќе биде таа што ќе доминира во односите со сила или диктирајќи ги условите. - Тоа беше возбудувачко и доста неверојатно затоа што дојде од генералниот секретар на Комунистичката партија. Неговиот дизајн беше да се обиде внимателно да ги припитоми советските руски империјалистичките импулси и да ја донесе Русија, чекор по чекор во тоа време, не држава туку јадрото на советската империја - поблиску и да ја повлече во Европа. Тоа беше за да се смени тој дел од зависност што Русија го имаше во минатото, да биде или една од европските империи или спротивставувајќи се на Европа како една од империите, појасни  за Евроњуз, професорот Зубок, кој е автор на неколку книги за Советскиот Сојуз и неговите последни денови. Иако неговите паневропски чувства беа нејасно формулирани и во најголем дел беа за странско голтање, соред Зубок, неговата желба беше вистинска, а дизајните големи. А сепак, комбинација на уништена екомонија во хаос кога тој дојде на власт, порастот на криминалот и невработеноста, како и масовното осиромашување, значеше проблем дома. Надвор од Русија, советските земји членки и сателитите брзо преминаа на некој вид независна и либерална демократија. Прва беше Полска, каде движењето Солидарношќ донесе победа без преседан на првите демократски избори во земјата во јуни 1989 година. Тоа резултираше со стравови дека Горбачов може да употреби сила за да ја врати својата комунистичка влада - но тоа не се случи. Тогаш славно падна Берлинскиот ѕид во октомври 1989 година. Горбачов и Кремљ не направија ништо повторно. - Исчезнувањето на стравот беше нешто речиси недопирливо, нели? Верувале или не, тврди професорот Зубок. Со притисок врз издигнувањето на Горбачов, нештата се свртија на лошо, со независноста на балтичките земји - Литванија, Летонија и Естонија - што беше ударот што го скрши грбот на камилата. Во јануари 1991 година, немири започнаа во Литванија, каде советската армија уби 14 и повреди други 140 во обид да се спречи напуштање на СССР во период од три дена, и остави трајна дамка на неговата слика на пацифист. Но, според Зубок, Горбачов беше необичен без разлика на сè. Дури Брежнев, кој не се двоумеше да употреби сила во Чехословачка во 1968 година и Авганистан во 1980-те, се сметаше себеси за миротворец. Сепак, Горбачов отворено ја одби таканаречената Брежневска доктрина, според која Советскиот Сојуз имаше право да интервенира во други социјалистички или комунистички земји доколку таму имаше директна закана против оние на власт. - Горбачов беше на чело на најнасилната политичка сила во светот, Комунистичката партија на Советскиот Сојуз. Тој користеше сила, но подоцна секогаш велеше дека не сакал да го направи тоа, „ми беше наметнато од мрачни сили“, реакционери, такви работи. Тоа е голем парадокс на историјата. Повторно, прашање на верување е. Некои лидери не му веруваа, Тачер му веруваше, Буш постариот прво тврдеше дека тој е само на зборови, за потоа во јуни ’89 рече „Перестројката е Горбачов“. Па, како што светот почна да сфаќа дека тој нема да употреби сила за да запре промени, тогаш промената се претвори во лавина, заврши Зубок. Што мислеше Горбачов за Украина? Горбачов е роден во Приволное, Ставропол или во Руската советска федеративна социјалистичка република. Во тоа време, Приволное беше еднакво поделен на етничко украинско и руско население, нешто што Горбачов евентуално почна да верува дека е нормално. - Самиот Горбачов имаше мешано етничко потекло, украинско - руско, и до последниот момент тој не можеше да поверува дека Украина ќе биде одделена од Русија, објасни Зубок. Тој ги гледаше Леонид Кравчук, главниот лидер на советска Украина кој исто така почина во мај годинава, како и Борис Елцин, рускиот колега на Кравчук, како „опасни опортунисти“ кои го разгореа пламенот на етничкиот национализам меѓу нивното население. - Тие ги свртуваа двата народа еден против друг. „Како може моите роднини кои живеат во Украина да бидат во странска земја?“, продолжуваше да извикува, тврди Зубок. Логиката на национализмот, што е во срцето на актуелната инвазија на Украина денеска, не е нешто што Горбачов го прифаќаше како неминовност. - Многу, многу Руси некако мислеа како што мислеше тој, па кога одеднаш Украина почна да зборува „Јас не сум Русија, нема да го направам ова, нема да го направам тоа“, имаше недостиг од разбирање, додаде Зубок. Како Русите гледаат на неговото наследство? Додека Западот го гледаше Горбачов како визионер кој имаше желба и беше способен да стави крај на Студената војна - наградувајќи го за неговите напори со Нобелова награда за мир во 1990 година - за многумина Руси, тој беше неспособна фигура, најмалку. Најлошо, на него се гледаше како предавник кој уништил земја на што тие беа многу горди, за Евроњуз изјави Сергеј Радченко, професор на Факултетот за напредни меѓународни студии Џон Хопкинс. Оваа дисонанца е резултат на различни историски перспективи, тврди Радченко. - За Западот, крајот на Студената војна беше момент на среќа. Значеше триумф на западните вредности, триумф на слободата, на демократијата, демонтирање на железната завеса. Тоа исто така можеше да биде пораката за огромното мнозинство Руси. Но, работите не тргнаа кон добро за нив, затоа што со тие слободи надојдоа и големи економски потешкотии што беа предизвикани од советскиот колапс. И многумина Руси за овие работи го обвинуваа Горбачов, иако, во реалноста, тој не беше одговорен за нив затоа што системот што го наследи имаше длабоки недостатоци и некои ќе кажат оти на многу начини, нереформабилен, појасни Радченко. За време на последните месеци на СССР, Горбачов беше жртва на неуспешен пуч, на крајот соборен од првиот руски претседател Елцин, кој ја затвори Комунистичката партија, договори распуштање на Сојузот и му кажа на Горбачов да поднесе оставка и да го ослободи Кремљ до крајот на 1991 година. Издигнувањето на претседателот Владимир Путин на почетокот на милениумот, чии токсични националистички верувања и тенденција за историски ревизионизам исклучиво ја воздигнуваат Русија во позитивно светло, доведе до тоа само најпросветлените Руси да го сфатат и да го ценат придонесот на Горбачов. Но, многумина не успеаја да разберат дека Горбачов не сакаше да го види Советскиот Сојуз распаднат, објаснува Радченко. - Тој не сакаше демонтирање на Советскиот Сојуз. Тој сакаше да го реформира Советскиот Сојуз. И кога тој сфати оти неговите економски реформи не донесоа резултати, тој се сврти на политички со цел да го прекине метежот и да го стори на брз начин, појасни тој. Како што тој додаде, „ова беше различно од кинеските што, како што рече Денг Ксијаопинг, туркаа за реформи со „преминување на река чувствувајќи ги камењата““. - Па, Горбачов немаше ништо од тоа. Тој ќе скокнеше во реката и ќе видеше колку брзо може да плива, додаде тој. Дали сонот на Горбачов за Русија како полноправна демократија некогаш ќе стане јаве? На крај, проблемот со реформи беше тоа што тие беа одлучени од врвот на политичката пирамида, со многу малку учество од дното. - Тоа е фундаментален проблем на целото искуство со реформите. Изгуби легитимност во очите на јавноста, па почна да се бара и посакува силен лидер кој ќе владее со цврста рака, па таму ми се чини завршивме сега, појасни Радченко. Штом Путин ја зеде моќта во земјата, се врати на политиката со доминирање преку насилство, вклучувајќи ја Русија во низа војни и конфликти, меѓу кои Чеченија, Грузија, Украина. Во меѓувреме, Горбачов беше во голем дел заборавен, со вестите за неговата смрт во државна болница во Москва формулирани на отсечен и недвосмислен начин, „по долга и тешка болест“. - Јас мислам дека Горбачов почина како разочаран човек. Тој живееше доволно долго за да види многу од неговите клучни достигнувања, демонтирани од Путин, а тоа не е среќна позиција за да се биде на неа, изјави Радченко, познат историчар за Студената војна. Историчарот прашува кого тој би можел да обвини? - Рускиот народ, претпоставувам, бидејќи се покажаа како краткогледи и слепи за да не разберат, да не ја ценат шансата што им беше дадена. Шанса што тие ја немаа и можеби нема да ја имаат за уште многу децении, тие ја потрошија. Па претпоставувам Горбачов ги обвинуваше руските граѓани за тоа што не успеаја да разберат што е слободата и тоа што не успеаја да ја сакаат слободата, појасни Радченко. И со најновиот акт на агресија против својот западен сосед, Путин - и Русија заедно со него - станаа парохии уште еднаш, со најголем дел од Европа и Западот изолирајќи ја нацијата политички и економски и поистоветувајќи ја со зло. А сепак Радченко верува дека ќе дојде денот кога обичните Руси ќе се сетат на наследството од Горбачов додека се обидуваат да го изградат повторно своето општество во полноправна демократија што ќе биде дел од Европа после сè. - Не мислам дека има нешто конкретно генетски погрешно со Русите што никогаш не можат да ја разберат доблеста на демократијата, доблеста на слободата. Други нации поминаа низ трауматични искуства и исто така беа нарекувани нереформабилни - се разбира, ги имам на ум Германците прво и најмногу - а сепак, тие беа способни да надминат и да го стават искуството зад нив и да ја разберат нивната историја малку подобро. Се надевам дека Русија ќе продолжи во таа насока. Првенствено, тоа е функција на променлива генерација ... па со минување на времето, Русија исто така ќе се смени и ќе има различен поглед на својата сопствена историја и можеби, ќе ги преиспита своите ставови - но тоа ќе биде тежок процес,  судејќи по тоа колку тешко беше досега, заклучи Радченко. бд/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан