• среда, 25 декември 2024

„Тојота“ инвестира 5,3 милијарди евра во производство на батерии

„Тојота“ инвестира 5,3 милијарди евра во производство на батерии

Токио, 31 август 2022 (МИА) - Јапонскиот производител на автомобили „Тојота мотор“ вчера соопшти дека ќе вложи до 730 милијарди јени (5,27 милијарди евра) во производството на батерии за електрични возила во Јапонија и САД.

Новиот погон треба да биде пуштен меѓу 2024. и 2026 година, со цел да ги зголеми производните капацитети во двете земји за 40 гигават-часови. Така, фабриките на „Тојота“ во Јапонија и компанијата „Прајм планет енерџи енд солушнс“ што ја основаа заедно со „Панасоник“, ќе добијат околу 400 милијарди јени, а „Тојота батери манјуфекчуринг“ во САД ќе добие околу 2,3 милијарди долари, истакнува јапонската компанија, без дополнителни подробности за тековното производство. Производителите на автомобили ширум светот трошат милијарди долари за да го зголемат производството на батерии и електрични возила, поради сѐ построгите еколошки регулативи. „Целта на инвестицијата е да ѝ се овозможи на 'Тојота' флексибилно да ги задоволува потребите на клиентите во сите земји и подрачја, нудејќи разновидни погонски системи и што е можно поширок опсег можности“, се вели во соопштението. „Тојота“ минатата година објави дека до 2030 година ќе вложи осум милијарди јени во електрификација на своите модели. Сепак, проценките говорат дека до 2030 година уделот на електричните ќе биде третина од нивната продажбата.  си/сд/

Остани поврзан