• среда, 27 ноември 2024

Тошковски: Фокусирани сме на функционален систем  за следење на сообраќајот со камери

Тошковски: Фокусирани сме на функционален систем  за следење на сообраќајот со камери

Јегуновце, 20 септември 2024 (МИА) -  Се работи на техничко решение покрај кое ни треба и законско за функционален систем при следењето на сообраќајот со камери, информира денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. 

Тој истакна дека целта е што поскоро ставање во функција на камери со кои ќе се утврдуваат и казнуваат сообраќајните прекршоци, да се налата жртвите во собраќајот и да се зглеми сообраќајната култура.

Поставувањето на камерите  треба да покрие и дел од криминалистичката работа на Министерството за внатрешни работи.

- Фокусирани сме на тоа да предвидиме соодветно и техничко, моментално се работи на техничко, но и законско решение кое што ќе ни овозможи функционален систем.  И кога е отпочнат проектот никој не размислувал во насока на тоа како навистина да ќе биде ставен во функција целиот тој систем. Колку казни ќе продуцира на дневна основа, дали тие ќе може да се сработат од страна на вработените во рамки на Министерството како ќе се процесираат. Кој ќе води постапката дали треба да се зголеми бројот на вработени во рамки на Министерството коишто ги работел прекршоците од аспект на изрекување на прекршоци. Ќе одат  во суд, како ќе постапува судот моментално еден судија за прекршоци во Скопје работи на повеќе од 2 000 предмети на дневна основа закажува повеќе од 45 судење. Кој ќе ги сработи тие предмети?. Целта ни е на крајот да го видиме бенефитот од аспект да се намалат жртвите да се покрене сообраќајната култура, изјави Тошковски  при посетата на Јегуновце.

Појасни дека камерите би требало конкретно да утврдат сторен прекршок во три сегменти: погрешно паркирање, преминување на црвено светло и недозволена брзина.

 -Еден од клучните проекти ако не сакаме да има по стотина жртви на годишна основа, мораме сообраќајната култура да ја подигнеме не едно скалило, туку три, четири скалила нагоре, рече Тошковски.

На новинсрако прашањето уште колку од граѓаните ги немаат променето личните документи потенцраше дека е останат помал број и оти хаосот е решен пред еден месец.

-Останат е уште помал број. Конкретно не можам да кажам колку. Не е точна информацијата која што беше пренесен во јавноста дека еден милион возачки дозволи ќе треба да се реиздадеме. Мислам дека бројката е негде околу 200 000 кој што треба да се ре-издадат во останатиот период од прилика. Мислам дека имаме капацитет да го направиме тоа. Повторно тука имаме дезинформации ширење на лаги од страна на луѓе кои што не си ја сакаат држава во насока да уплашат или да, дефокусираат или не знам што да направат. МВР ќе работи во интерес на граѓаните, рече Тошковски.

Тој беше во посета на новата канцеларија на управните служби која почна да работи во полицискиото одделение во Јегуновце и општински центар.ас/лв/

фото МВР 

Остани поврзан