• среда, 18 декември 2024

Тошковски, Филков и претставникот на УНХЦР Габриел де Годој го посетија прифатно-транзитниот центар Винојуг - Гевгелија

Тошковски, Филков и претставникот на УНХЦР Габриел де Годој го посетија прифатно-транзитниот центар Винојуг - Гевгелија

Скопје, 6 декември 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министерот за правда Игор Филков и претставникот на УНХЦР во Македонија Габриел Гулијано де Годој денеска го посетиле прифатно-транзитниот центар Винојуг - Гевгелија.

Како што соопшти МВР, делегацијата била запознаена со редовните активности во прифатно-транзитниот центар за бегалци и мигранти за потоа да одржи состанок на кој се разговараше за повеќе важни точки.

На состанокот била разгледана посветеноста на Северна Македонија кон Глобалниот форум за бегалци за подобрување на статусот на барателите на азил до 2027 година, унапредување на државниот систем за баратели на азил до 2027 година и итната потреба од решавање на правниот статус на привремените транзитни центри.

Во насока на соработка со полицијата било разгледано прифаќањето на Стандардни оперативни процедури, сместувањето на луѓе во центарот за странци во миграциски притвор и иницирање на процесот на креирање стандардни процедури за пристап до процедури за азил на меѓународните аеродроми, стои во соопштението на МВР.

Разгледани биле и плановите за имплементација на Акциски план за соработка со Центарот за обука МВР каде идните полициски службеници подобро ќе можат да се едуцираат за бегалските права. нд/вј/

Фото: МВР

Остани поврзан