• сабота, 23 ноември 2024

Тошковски: Со старото име во важност се 272.000 возачки дозволи

Тошковски: Со старото име во важност се 272.000 возачки дозволи

Скопје, 12 февруари 2024 (МИА) Со ново име се издадени некаде околу 525 илјади возачки дозволи, тоа се активни возачки дозволи, кои не се дуплираат. Со старото име во важност се 272.000 возачки дозволи. Тоа се важечки возачки дозволи кои не се обновени со новото име и сега со законските измени за безбедност во сообраќајот тие ќе важат до 31.12.2024 година, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во моментов, според Тошковски, има околу 30 илјади македонски и околу 60 илјади албански обрасци за возачки дозволи. До март се очекува да пристигнат уште 160 илјади.

-    Возачките дозволи и лични карти се печатат на иста машина. Бројот што е потребно да се задоволи врз основа на тоа што е досега издадено, во целост ќе го завршиме со крајот на годината. Граѓаните да знаат дека рокот што е даден е реален за да биде во целост заврешно, изјави Тошковски, во интервју на телевизија Телма.  

Во однос на налепниците за регистарските таблички, Тошковски, рече дека околу 350.000 налепници кои се дистрибуирани до станиците за технички преглед.

На прашањето дали тоа ќе бидат фрлени пари или ќе се промени Правилникот од 2019, изменет во 2020 и 2023 година, според кој министер за внатрешни работи не смее, ниту да дистрибуира, ниту да лепите налепници НМК, Тошковски одговори дека службите во МВР моментално изработуваат нов правилник.

- Известен е и директорот на Службен весник, овој правилник ќе биде сменет, истакна Тошковски.

Според Тошковски, временскиот период од десет до единаесет месеци е реален за да се направи целата замена на возачки дозволи и лични карти, но ги повика граѓаните да не чекаат, туку да продолжи континуитетот.  

Во однос на патните исправи, Тошковски претходно во гостување на телевизија Сител, вели дека претпоставката е дека некаде околу 650 илјади граѓани имаат важечки пасош со името „Република Македонија“.

-  Таа бројка на луѓе, јас не можам да кажам дали се надвор или во Македонија. Во секој случај, тие што се тука ќе бидат притворени, само не во домашен притвор или во затвор, туку на територија од 26 илјади км квадратни и ќе им биде, гарантирам согласно мојата емпирија со Стразбур, повредено човеково право, изјави Тошковски.

Моментално, според Тошковски, има уште околу пет илјади македонски и околу десет илјади албански обрасци. Најави дека до крајот на месецот треба да пристигнат околу 250 илјади обрасци. аа/мд/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан