Тошковски: Резервоарот за нафта бил празен и не е поврзан со сопственичката структура на дискотеката
- - Според информациите што ги добив точно е дека постоела бензинска пумпа и одреден резервоар во земја којшто по првичните информации бил празен и не бил во допир со настанатиот пожар. Сопственичката структура не е поврзана меѓу себе, ниту пак е поврзан сопственикот на бензинската пумпа со менаџерската структура која се појавува како организатор во дискотеката, изјави попладнево Тошковски на прес-конференција.

Скопје, 18 март 2025 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека во близина на дискотеката во Кочани имало резервоар за нафта, но дека тој бил празен и дека според првичните информации не е поврзан со сопственичката структура на дискотеката.
- Според информациите што ги добив точно е дека постоела бензинска пумпа и одреден резервоар во земја којшто по првичните информации бил празен и не бил во допир со настанатиот пожар. Сопственичката структура не е поврзана меѓу себе, ниту пак е поврзан сопственикот на бензинската пумпа со менаџерската структура која се појавува како организатор во дискотеката, изјави Тошковски попладнево на прес-конференција.
Информацијата за склад за нафта претходно за МИА ја потврдија и од Противпожарната бригада на Кочани. бак/нд/
Фото: МИА архива