• петок, 27 декември 2024

Тошковски: Ние сме народ кој сака да биде пријател со сите, народ кој заслужува почит и достоинство

Тошковски: Ние сме народ кој сака да биде пријател со сите, народ кој заслужува почит и достоинство

Скопје, 2 август 2024 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, по повод Илинден се обрати пред граѓаните и присутните делегации во Смилево, од местото, како што рече, каде илинденците пред 121 година го донесоа пламенот на слободата.

– Денеска на овој свет ден – 2 август, на денот на нашиот голем Илинден, се собравме во Смилево, срцето на македонската револуционерна борба. Токму овде, пред 121 година, нашите храбри предци го донесоа пламенот на слободата и ја запалија искрата на Илинденското востание, рече Тошковски.

Ние сме народ кој сака да биде пријател со сите, додаде, народ кој заслужува почит и достоинство. Дојде време, вели Тошковски, да ја продолжиме борбата за подобра и посветла иднина.

– Тие покажаа дека мал, но горд народ, може да се спротивстави на тиранската власт и да се бори за својата слобода и независност. Македонскиот народ е народ со голема историја, но и со голема иднина. Ние сме народ кој сака да биде пријател со сите, но истовремено, сакаме и заслужуваме почит и достоинство. Нека е вечна мајка Македонија. Честит празник, рече Тошковски. ра/нд/

Фото: МВР

 

Остани поврзан