• недела, 24 ноември 2024

Тошковски - Лосон: Одлична соработка на професионално ниво и поддршка во борбата со корупцијата и организираниот криминал

Тошковски - Лосон: Одлична соработка на професионално ниво и поддршка во борбата со корупцијата и организираниот криминал

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остварил работна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство,  Метју Лосон, на која изразил благодарност за одличната соработка и континуираната поддршка од Обединетото кралство, како на нашата држава, така на министерството во областа на безбедноста, особено за последната донација на дронови кои ќе се користат од страна на граничната полиција во обезбедување на нашите граници.

Како што денеска соопштија од МВР, Тошковски ги објаснил приоритетите на новата Влада и посветеноста во борбата со организираниот криминал и корупција, планот за реорганизација на управните служби во успешен услужен систем на своите граѓани, планот за унапредување на вкупната ефикасност на полицијата преку нова систематизација, креирање на систем на континуирани обуки и дигитализација на голем број процеси во министерството.

- Полициската соработка е на високо професионално ниво, што подразбира брза, квалитетна и ефикасна размена на оперативни сознанија, односно редовно постапување по барања упатени од двете држави за различни видови на проверки во сите форми на организиран криминал, тероризам, трговија со луѓе, кривични дела поврзани со илегална миграција, трговија со дрога и оружје и наша тенденција е само да ја унапредуваме, потенцирал министерот Тошковски.

Амбасадорот Метју Лосон упатил честитки до министерот и за посветеноста на новата Влада во целост, особено во борбата со организираниот криминал и корупција и потенцираше дека Обединетото Кралство останува да биде еден од најголемите партнери на нашата држава како на оперативно така и на стратешко ниво. Од негова страна, се додава во соопштението, била истакната и илегалната миграција  ако значаен проблем со кој се справуваат и двете земји и потенцирал дека и во справувањето можеме да сметаме на поддршката на Обединетото Кралство во иднина. цр/ев/

Фото: МВР

Остани поврзан