• среда, 13 ноември 2024

Тошковски: За два дена разбиени две големи криминални групи, имаме јасна и цврста волја за борба против организираниот криминал

Тошковски: За два дена разбиени две големи криминални групи, имаме јасна и цврста волја за борба против организираниот криминал

Скопје, 18 октомври 2024

 

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на емисија на ТВ Алфа истакна дека борбата со организираниот криминал и корупција е еден од главните приоритети на министерството а криминалот нема никаква етничка, национална или било каква припадност освен криминална.  

„Во текот на вчерашниот ден се апсеа група од 15 цариници и еден полицаец за коишто во рамки на една оперативна акција спроведена по насока на Обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција во кој има силни докази за поткуп и злоупотреба на службена положба и овластување. Денес имавме друга опсежна акција во неколку градови во западниот дел на државата на разбивање на криминална група која 20 години оперирала и никој не ја пипнал. Делата на таа група се бројни од трговија со дрога, трговија со луѓе, злоупотреба на службена положба и овластување. Ние мора да покажеме јасна цврста и силна волја против организираниот криминал и корупцијата. И тоа го покажуваме. Вчера со акција против корупција денес со акција против организиран криминал од највисоки размери. И така и ќе продолжиме.“, потенцираше министерот Тошковски.

Тошковски нагласи дека и борбата против криминалот нема да биде ефективна не се расчисти ефикасно и со криминалците во институциите и дека МВР интензивно работи и на пронаоѓање и факање на криминалците и во своите редови за што досега има значителен број реализирани дела. 

Министерство за внатрешни работи

Фото: МВР

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан