• недела, 24 ноември 2024

Тошковски - Дрекслер: Силна поддршка од Германија за борба против криминалот, за владеење на правото и креирање професионална полиција

Тошковски - Дрекслер: Силна поддршка од Германија за борба против криминалот, за владеење на правото и креирање професионална полиција

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев оствариле работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер.

-Министерот Тошковски се заблагодари за досегашната соработка и искрена поддршка од страна на Сојузна Република Германија, која треба да продолжи и во иднина со надеж што поскоро да станеме дел од европското семејство. Министерот ги презентираше главните цели кои ќе бидат во фокус во наредниот период, како борбата против организираниот криминал и корупција не само декларативно туку вистински, реконструирање и функционална систематизација и дигитализација на процесите, соопшти МВР.

Амбасадорката Дрекслер упатила честитки до министерот Тошковски и директорот Јанев и ја потенцирала досегашната соработка, посебно во делот за Центарот за обука на МВР и опремата која е донирана на Министерството.

Директорот Јанев ги објаснил реформите кои се планираат во делот на полициското и криминалистичко работење и ја потенцирал одличната соработка со германската полиција во делот на размена на информации, особено во борбата со транснационалниот организиран криминал.

На средбата, како што соопшти МВР, било потенцирано дека директната соработка и пријателските односи ќе продолжат и ќе се интензивираат во следниот период, со цел засилување на борбата против криминалот, како и за владеењето на правото и зголемување на безбедноста на сите граѓани. дма/ац/

Фото: МВР

 

Остани поврзан