• сабота, 21 декември 2024

Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија

Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија

Скопје, 13 ноември 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во рамки на посетата на Будимпешта ги посети специјализираните оддели TEK (Центар за борба против тероризмот) и Keszenleti Rendőrség (Оддел за брз одговор и специјални полициски служби) на унгарската полиција.

Како што информираат од Министерството, Тошковски ја предводеше делегацијата на МВР на 7. Министерска конференција од Будимпештанскиот процес.

-Во рамките на двете посети реализирав средби со директорите на кои ми беше презентирана организациската структура и капацитетите на овие оддели, како и нивниот пристап во справување со современите безбедносни предизвици. Разговаравме за можности за соработка во делот на обуките за нашите полициски сили, со цел јакнење на капацитетите и унапредување на знаењата и вештините кои се од витално значење за справување со најразлични безбедносни ситуации. Оваа размена на искуства ме увери дека постои силна поддршка и подготвеност за заедничко делување и партнерство, кое ќе придонесе за подобра безбедност во нашиот регион, истакнал Тошковски.

Министерот Тошковски ја потенцирал посветеноста на градење меѓународни односи и партнерства кои ќе ја зајакнат нашата полиција и ќе обезбедат поголема безбедност за сите наши граѓани.фф/са/

Фото: МВР

Остани поврзан