• среда, 25 декември 2024

Тошковски - Вал: Сериозна посветеност на модернизација и професионализација на полициската служба

Тошковски - Вал: Сериозна посветеност на модернизација и професионализација на полициската служба

Скопје, 2 јули 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, на која се заблагодарил за постојаната поддршка и посветеност на Мисијата на ОБСЕ во напорите за модернизација на полициската служба, особено во делот на професионалното полициско работење, проекти за обука на полициските службеници и модернизирање на опремата.

Министерот Тошковски, како што соопштија од МВР, ја потенцирал решителноста за ефикасна борба против организираниот криминал и високата корупција, како еден од основните столбови на новата Влада, како и потребата од градење модерна полициска служба која доследно ќе ги следи начелата на демократско полициско работење, но и служба која ќе се базира на начелото на заслуги и интегритет.

- Осврнувајќи се на неколку поенти како главен фокус на активностите на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Вал ја потенцира посветеноста и заложбата на мисијата на оваа меѓународна организација за унапредување на работните процеси во министерството, во содејство помеѓу МВР и Мисијата на ОБСЕ. Министерот Тошковски и амбасадорот Вал потенцираа дека и во иднина соработката и комуникацијата ќе биде на високо ниво, се наведува во соопштението од МВР. цр/аа/

Фото: МВР 

 

Остани поврзан