• петок, 27 декември 2024

Точи: Продолжува имплементација на законот за неевидентирани лица во матичната книга на родените

Точи: Продолжува имплементација на законот за неевидентирани лица во матичната книга на родените
Делчево, 8 април 2022 (МИА) - Продолжување со имплементација на законот за неевидентирани лица во матичната книга на родените е главниот предизвик кој Министерството за правда го прави во однос на просперитетот на Ромите. Ова го истакна државниот секретар во Министерството за правда, Мухамед Точи, кој во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на Ромите во Делчево, во изјава за медиумите изјави дека иако работите одат побавно од очекуваното, во моментов Министерството работи на собирање на резултатите и оценките од терен околу имплементацијата на овој закон. -Во таа насока драго ми е што оваа Влада има разбирање за предизвиците на Ромите, а еден од предизвиците е токму и неевидентираните лица во матичната книга на родени. По прибирањето на резултатите, ако за тоа им потреба, Собранието е готово да направи измена или дополна на тој Закон или да направи нов закон, кој што ќе го реши ова прашање, рече Точи. Втората работа кон која, како што рече, се стреми самата заедница, но и Ромската заедница е изнаоѓањето начин за еднаков статус во општеството, со цел Ромите да бидат доволно застапени во локалната самоуправа. -Само така и само на тој начин можеме да градиме еднакво општество за сите. Во тој поглед она што сакам да го потенцирам што треба да се направи и на локално и на национално ниво е да им се даде на Ромите шанса самите да се справуваат со проблемите со кои тие се соочуваат, додаде Точи. Делчево, како што посочи, е еден од ретките градови кои можат да се пофалат со доста образовани Роми, па оттука ја упати пораката до локалните институции, да ја искористат интелегенцијата на Ромите за развој не само на Ромската заедница, туку и на општината. вс/вј/

Остани поврзан