• среда, 18 декември 2024

Тотре и Бабунски повикани во репрезентацијата на местото од повредените Ракип и Јаховиќ

Тотре и Бабунски повикани во репрезентацијата на местото од повредените Ракип и Јаховиќ

Скопје, 8 ноември 2021 (МИА) - Македонските фудбалери, Ердал Ракип (Малме) и Адис Јаховиќ (Гестепе) поради повреда нема да се стават на располагање на селекторот Благоја Милевски за подготовките и натпреварите на репрезентација против Ерменија (11 ноември) и Исланд (14 ноември) од квалификациите за Светското првенство 2023. 

Фудбалерот на шведски Малме има болка во коленото и денешниот извештај од магнетната резонанца ќе потврди колку време Ракип ќе отсуствува од терените.

Адис Јаховиќ поради повреда (задна ложа) излезе во 16. минута во вчерашниот настап за својот тим Гезтепе против Конјаспор од турското првенство. 

Милевски дополнително ги повика Енур Тотре од Тирана и напаѓачот на Ботев Враца, Доријан Бабунски. Двајцата фудбалери ќе бидат на првиот тренинг, попладне на теренот „Петар Милошевски“ во Скопје. зс/

Остани поврзан