• вторник, 24 декември 2024

Тотенхем ја обжали суспензијата на Бентакур

Тотенхем ја обжали суспензијата на Бентакур


Лондон, 20 ноември 2024 (МИА) – Англискиот премиерлигаш Тотенхем одлучи да поднесе жалба на одлуката на Англиската фудбалска асоцијација (ФА) која му изрече суспензија од седум натпревари на играчот на лондонскиот клуб Родриго Бентанкур.
Уругвајскиот фудбалер, воедно, мора да плати и казна од 100.000 фунти и сето тоа поради расистички изјави поврзани со неговиот клупски колега, Јужнокореецот Хеунг-Мин Сон, во интервју за уругвајска телевизија.
„Дресот на Сон? Може да биде и дресот на неговиот братучед, бидејќи сите изгледаат исто“, изјави во таа прилика 27-годишниот Бентанкур, кој набрзо потоа се извини, нагласувајќи дека сè испаднало како многу лоша шега.
Меѓутоа, ФА неговиот коментар го сфати сериозно и на ист начин постапи при казнувањето.
Суспензијата значи дека Бентакур ќе ги пропушти сите натпревари на Тотенхем во Премиер лигата и во англиските купови до крајот на оваа календарска година. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан