• понеделник, 07 октомври 2024

Тотенхем се вклучи во трката за данскиот тинејџер Доргу

Тотенхем се вклучи во трката за данскиот тинејџер Доргу


Лондон, 8 септември 2024 (МИА) – Англиски фудбалски прволигаш Тотенхем е заинтересиран да го донесе во своите редови данскиот дефанзивец на италијански Лече, Патрик Доргу, објави на социјалните мрежи трансфер експертот Фабрицио Романо.
Тотенхем не е единствениот голем клуб кој покажува интерес за 19-годишниот дански фудбалер.
Неговиот развој го следат и италијанските Јувентус и Милан, но засега не се решиле да ја платат цената од 30-35 милиони евра која ја бара Лече.
Доргу се приклучи на младинската академија на италијанскиот клуб во 2022 година, а една година подоцна беше откупен за 200 илјади евра.
Договорот на Патрик Доргу со Лече е до јуни 2027 година. ег ФОТО: Фејсбук

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан