• среда, 27 ноември 2024

Тотенхем не го пушта Деле Али да си замине

Тотенхем не го пушта Деле Али да си замине
Лондон, 22 септември 2020 (МИА) - Играчот за врска на Тотенхем, Деле Али, нема да го менува клубот во текот на тековниот преоден рок Според „Дејли мејл“ 24-годишниот Англичанец имал конфликт со главниот тренер на Спарс, Жозе Мурињо, но управата на клубот ќе се обиде да ги реши сите недоразбирања и да го задржи Али во Лондон. Претходно имаше информации дека ПСЖ и Реал се заинтересирани за фудбалерот. Минатата сезона во Премиер лигата, Деле Али одигра 25 натпревари на кои постигна осум гола и оствари четири асистенции. зс/

Остани поврзан