• петок, 27 декември 2024

Тотенхем за нов договор на Сон му нуди плата од 200 илјади фунти неделно

Тотенхем за нов договор на Сон му нуди плата од 200 илјади фунти неделно
Лондон, 7 јануари 2020 (МИА) - Тотенхем е во преговори за продолжување на договорот со Сон Хеунг Мин. Клубот е уверен дека ќе постигне договор со 28-годишниот играч за врска. Преговорите забавија поради тоа што Сон го смени агентот. Наскоро, комуникацијата по ова прашање ќе продолжи, а Сон ќе потпише договор со плата од 200 илјади фунти неделно, објави „Телеграф“. Така, платата на фудбалер кој сега заработува 150 илјади фунти неделно ќе се зголеми за 25%. Потпишувањето нови договори со Сон и напаѓачот Хари Кејн се главната цел на претседателот на Спарс, Даниел Леви. Актуелниот договор на јужнокорејскиот репрезентативец со клубот истекува во 2023 година. Сон постигна 12 гола и направи 5 асистенции на 16 натпревари во Премиер лигата оваа сезона. зс/

Остани поврзан