• вторник, 12 ноември 2024

Тотенхем е заинтересиран за Перишиќ

Тотенхем е заинтересиран за Перишиќ
Лондон, 29 јули 2020 (МИА) - Тотенхем е заинтересиран за купување на играчот од средниот ред на Интер, Иван Перишиќ, пренесува „Goal.com“ повикувајќи се на „Калчомеркато“. Според изворот, Баерн Минхен, за кој 31-годишниот Хрват ја поминува сезоната на 2019/20 на позајмица, може да го купи фудбалерот за 20 милиони евра, но најверојатно нема да ја искористи опцијата за откуп. Селекторот на „Спарси“, Жозе Мурињо, наводно, бара да работи со играчот од средниот ред, кој ќе се врати во Интер, откако Баерн ќе ја заврши Лигата на шампиони во 2019/20 година. Во сезоната 2019/20, Перишиќ одигра 31 натпревар за Баерн, постигна шест гола и 10 асистенции. „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на Хрватот на 17,5 милиони евра. зс/

Остани поврзан