• среда, 25 декември 2024

Тотенхем го победи Арсенал два пати по ред во Премиер лигата, првпат од 2010 година

Тотенхем го победи Арсенал два пати по ред во Премиер лигата, првпат од 2010 година
Лондон, 6 декември 2020 (МИА) – Тотенхем вечерва го победи Арсенал со 2:0 во натпревар од 11. коло во Премиер лигата. „Спарс“ втор пат по ред ги победија „топчиите“ во Премиер лигата (2:1 во 35. коло од сезоната 2019/20). Ова е прв пат од 2010 година, кога Тотенхем, под водство на Хари Реднап, го победи Арсенал на Арсен Венгер два пати по ред во Премиер лигата (во април и ноември). По овој триумф избраниците на Жозе Мурињо се лидери на табелата во Англиското фудбалско првенство со 24 бода, додека Арсенал е на 15. место со само 13 бода. зс/

Остани поврзан