• четврток, 26 декември 2024

Топ 10 начини на кои родителите ги срамат своите деца

Топ 10 начини на кои родителите ги срамат своите деца

Лос Анџелес, 23 август 2022 (МИА) - Родителот, по правило, цели да ги усреќува и радува своите деца... Според ова, тој не би сакал да им создава непријатни ситуации или да ги посрамотува пред другите деца и останати. Сепак, децата, особено адолесцентите и тинејџерите често ги обвинуваат своите родители токму за засрамувачко однесување, што може да доведе и до затегнати односи, па дури и до оддалечување.

Затоа понекогаш се говори и за поимот „синдром на срамен родител“ што претежно се однесува на лица над 40 години, кои најчесто се чувствуваат помлади отколку што се, а децата ги доживуваат сосем спротивно. Едно истражување коешто опфатило 2.000 деца на возраст меѓу пет и 20 години и нивните родители нуди увид во првите 10 најсрамни работи што родителот ги прави за детето... 1. Мама / тато танцува! - 42 отсто; 2. Јавно покажување љубов (кон децата, или возрасните меѓу себе) - 41 отсто; 3. Користење на застарен „сленг“ и „обид“ да се изгледа младешки - 38 отсто; 4. Носење облека несоодветна за возраста - 23 отсто; 5. Раскажување непријатни приказни, анегдоти, детски приказни... - 21 отсто; 6. Чистење и раскренување по своите или по други деца - 20 отсто; 7. Приклучување на социјалните мрежи и „специфично“ однесување на нив... - 17 отсто; 8. Општо неразбирање на технологијата - 16 отсто; 9. Почнување разговори за секс - 16 отсто; 10. Претерано пиење алкохол - 15 отсто.  си/

Остани поврзан