Топ-моделка со телесна попреченост од Јужна Африка го освојува светот на модата
- Се чувствував осамено. Ме тормозеа и физички и емоционално. Јас едноставно не можев да се одбранам. Но, мојот пријател ме инспирираше да почнам да објавувам фотографии на социјалните мрежи, к

Јоханесбург, 8 ноември 2022 (МИА) - Јужноафриканката Зизифо Солдат, родена со ретко заболување на скелетот, наречено фокомелија, денес е успешен модел. Имено, оваа млада девојка од Јоханесбург нема една рака, а левата нога ѝ е многу покуса од десната. Поради тоа, како дете често имала проблеми со врсниците кои ја исмевале поради нејзиниот изглед...
- Кога бев помлада, отсекогаш знаев дека сум поинаква. Кога појдов на училиште и почнав да зборувам англиски, истражував и дознав повеќе за мојата состојба. Инаку, потекнувам од сиромашно семејство и немавме средства за физикална терапија што ми е потребна, изјави таа за „Дејли стар“. Вели дека врсничкото насилство било постојано, а децата мислеле дека имаат право да кажат што сакаат.
