• сабота, 28 декември 2024

Топлотниот бран неповолен за земјоделството, наводнувањето приоритет

Топлотниот бран неповолен за земјоделството, наводнувањето приоритет

Скопје, 14 август 2024 (МИА) - Топлотниот бран со температури над 40 степени што ја зафати државава е неповолен за земјоделството. Потребите за вода се големи, посебно за пролетните и окопните култури, а највеќе за пченката и сончогледот кој е во фаза на исполнување на зрното.

Според агрометеоролозите, приоритет на земјоделците во овој период треба да биде наводнувањето, но мора да продолжи и примената на агротехничките мерки.

-Овие временски услови се непогодни за сите култури, освен за некои видови овошки кои се во фаза на берба и зреење на плодовите. Повремените врнежи на некои места во претходниот период не ја подобрија состојбата со влага во почвата, која е потребна за посевите во овој период од годината. Затоа, приоритет на земјоделските производители треба да биде снабдувањето на културите со потребното количество вода, нагласуваат агрометеоролозите од УХМР.

Потсетуваат и дека е неопходно да се посвети поголемо внимание на заштитата од појава на пламеница кај виновата лоза. мч/ев/

фото: МИА архива

Остани поврзан