• четврток, 26 декември 2024

Топ-листа од 50-те најдобри ресторани во светот

Топ-листа од 50-те најдобри ресторани во светот

Лондон, 19 јули 2022 (МИА) - Во Лондон синоќа се одржа свеченоста за избор на 50-те најдобри ресторани во светот, за 2022 година. На прво место е данскиот „Гераниум“, сместен на осмиот кат од зграда со поглед на градините „Фелдпаркен“ (Fælledparken) во Копенхаген.

Следат 50-те најдобри ресторани во светот за 2022 година: 1. Гераниум, Копенхаген (Данска), 2. Централ, Лима (Перу), 3. Дисфрутар, Барселона (Шпанија), 4. Диверксо, Мадрид (Шпанија), 5. Пујол, Мексико Сити (Мексико), 6. Асадор Ечебари, Атксондо (Шпанија), 7. Каза до порко, Сао Паоло (Бразил), 8. Лидо 84, Гардоне Ривиера (Италија), 9. Квинтонил, Мексико Сити (Мексико), 10. Ле Каландр, Рубано (Италија), 11. Маидо, Лима (Перу), 12. Улијаси, Сенигалија (Италија), 13. Стајререк, Виена (Австрија), 14. Дон Хулио, Буенос Аирес (Аргентина), 15. Реал, Кастел ди Сангро (Италија), 16. Елкано, Гетарија (Шпанија), 17. Нобелхарт и Шмуциг, Берлин (Германија), 18. Алхемист, Копенхаген (Данска), 19. Пјаца Дуомо, Алба (Италија), 20. Ден, Токио (Јапонија), 21. Мугариц, Сан Себастијан (Шпанија), 22. Септајм, Париз (Франција), 23. Јане, Антверпен (Белгија), 24. Чејрмен, Хонг Конг (Хонг Конг), 25. Францен, Стокхолм (Шведска), 26. Ресторанот на Тим Рау, Берлин (Германија), 27. Хоф Ван Клив, Круишутем (Белгија), 28. Ле Кларенс, Париз (Франција), 29. Сан Хубертус, Сан Касијано (Италија), 30. Флорилеж, Токио (Јапонија), 31. Арпеж, Париз (Франција), 32. Мајта, Лима (Перу), 33. Атомикс, Њујорк (САД), 34. Хиша Франко, Кобарид (Словенија), 35. Клов клуб, Лондон (Англија), 36. Одет, Сингапур (Сингапур), 37. Фин, Кејп Таун (Jужна Африка), 38. Јорднер, Копенхаген (Данска), 39. Сорн, Бангкок (Тајланд), 40. Шлос Шауерштајн, Фирстенау (Германија), 41. Ла Циме, Осака (Јапонија), 42. Ќиќе Дакоста, Денија (Шпанија), 43. Бораго, Сантијаго (Чиле), 44. Ле Бернардин, Њујорк (САД), 45. Нарисава, Токио (Јапонија), 46. ​​Белканто, Лисабон (Португалија), 47. Отеќе, Рио де Жанеиро (Бразил), 48. Лео, Богота (Колумбија), 49. Ајкоји, Лондон (Англија), 50. Синглтред, Хелдсбург (САД). Инаку, тоа е и првиот дански ресторан којшто освои три Мишелин ѕвезди во 2016 година. Интересно е што откако престанал да јаде месо, во 2022 година, готвачот и сосопственик, Расмус Кофед го направи и „Гераниум“ - „зона без месо“, сосредоточувајќи се исклучиво на околната морска храна, риба и зеленчук од органски и биодинамични фарми во Данска и Скандинавија.  си/

Остани поврзан