• среда, 18 декември 2024

Топ-листа на најбараните песни за последните мигови од животот

Топ-листа на најбараните песни за последните мигови од животот

Белфаст, 9 октомври 2024 (МИА) - Песните „My Way“ на Френк Синатра и „Hey Jude“ на „Битлс“ се меѓу најпопуларните песни коишто се избираат од неизлечиво болните луѓе во Обединетото Кралство како музика за самиот крај од животот. Тоа го посочува новото истражување на британската Добротворна организација „Мари Ќири“.

Топ-листата е составена со анкета што ги опфатила роднините на покојните, прашани за оваа тема.

„Музиката може да игра клучна улога во грижата за луѓето на самиот крај од нивниот живот. Притоа, 84 насто од анкетираните се согласуваат дека музиката ги опушта и смирува нивните сакани, а шест од 10 испитаници велат дека им помогнала во олеснувањето на анксиозноста и емоционалната вознемиреност“, се вели во испитувањето.

Со тоа се согласува и стручњакот за музичка терапија од Универзитетот на кралицата во Белфаст, д-р Трејси Меконел. Тој вели:

- Неизлечивата болест, болката и стравот од умирање може да резултираат со чувство на немоќ и изолација, дури и покрај блиското семејство и пријателите. Музичката терапија може да им помогне на луѓето да ги изразат своите чувства и да ги натера да се чувствуваат подобро, без оглед на нивното здравје или емоционална сотојба, вели д-р Меконел.

Добротворната организација ја објави топ-10 листата. Таа изгледа вака:

1. „My Way“ - Френк Синатра;

2. „I Will Always Love You“ - Витни Хјустон;

3. „(Simply) The Best“ - Тина Тарнер;

4. „Over The Rainbow“ - Џуди Гарланд;

5. „Girls Just Want to Have Fun“ - Синди Лопер;

6. „Angels“ - Роби Вилијамс;

7. „What A Wonderful World“ - Луис Армстронг;

8. „Beautiful“ - Кристина Агиљера;

9. „Hey Jude“ - „Битлс“;

10. „These Are The Days Of Our Lives“ - „Квин“.   си/

Фото: Википедија

Остани поврзан