• сабота, 16 ноември 2024

Топлата и врнежлива сезона го забрза ширењето на вирусот денга во Бразил

Топлата и врнежлива сезона го забрза ширењето на вирусот денга во Бразил

Бразилија, 7 февруари 2024 (МИА) – Топлата дождовна сезона во Бразил го засили ширењето на вирусот денга, што ги принуди надлежните здравствени институции да преземат итни мерки и да почнат со масовна вакцинација против болеста што ја пренесуваат комарците.

Во првите пет недели од оваа година се регистрирани 364.855 случаи на денга треска, четири пати повеќе отколку во истиот период во 2023 година, соопшти Министерството за здравство на Бразил.

Брзото ширење на денга треската резултираше со 40 потврдени смртни случаи, а уште 265 се уште се истражуваат, се вели во соопштението на бразилското Министерство за здравство.

Бразилските власти купија 5,2 милиони дози вакцини против денга од јапонскиот производител на лекови Takeda’s, а уште 1,32 милиони дози се обезбедени без трошоци.

Бројот на заболени од денга во главниот град Бразилија од почетокот на оваа година го надмина вкупниот број на заразени во 2023 година. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан