• среда, 27 ноември 2024

Топката со која Брајант постигна 61 поени продадена за 66.000 долари

Топката со која Брајант постигна 61 поени продадена за 66.000 долари

Њујорк, 4 декември 2023 (МИА) – Топката со која легендарниот американски кошаркар Коби Брајант постигна 61 поени против Њујорк во 2009 година е продадена на аукција за 66.152 долари.

Натпреварот се одигра на 2 февруари 2009 година во њујоршкиот „Медисон сквер гарден‘, а Брајант го предводеше Лос Анџелес лејкерс до триумф од 126-117.

Брајант со постигнатите 61 поени го собори рекордот што на истото место го постигна Мајкл Џордан (55 поени), а во 2014 година Кармело Ентони успеа да постигне еден кош повеќе од Брајант.

Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во јануари 2020 на 41-годишна возраст.

Во февруари оваа година дрес на кошаркарската легенда Брајант беше продаден на аукција за 5.8 милиони долари. ег/ссм/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан